Адел има ново момче?

6 јули 2019

Неодамна Адел објави дека се разделува од нејзиниот долгогодишен партнер и сопруг, Сајмон Конецки, а деновиве за прв пат беше фотографирана како се држи за рака со мистериозен маж.

Двојката се појави на фестивалот во Хајд Парк, во Лондон додека се пробиваше низ публиката која со нетрпение го чекаше почетокот на музичкиот настан.

Музичката икона на настанот се појави во целосно црна комбинација составена од хеланки и црн блузон од колекцијата на еден од омилените брендови на ѕвездите, Vetements.

Нејзиниот пријател изгледаше сосема лежерно во сина раскопчана кошула, бели панталони и впечатливи чевли од ресортот на Гучи.

Двојката уживаше додека ги гледаше легендарните настапи на Селин Дион и Клер Ричардс поради кои публиката беше полна со ѕвезди како Принцезата Беатрис, пејачот Сем Смит и уште многу други.

 

Инаку, Адел и нејзиниот сопруг се разделија во април оваа година, а медиумите шпекулираа дека тие долго време не живееле заедно, но останале во добри односи заради нивниот шестгодишен син Анџело.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
6 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.551 пати