Актерките од „Big Little Lies“ го освоија Њујорк во шик стајлинзи

30 мај 2019

По речиси две години од првата сезона, девојките од Big Little Lies се враќаат постилски од кога и да е на синиот килим на премиерата на второто продолжение во Њујорк.

За многу кратко време серијата Big Little Lies стана ултра популарна и повлече огромен број обожаватели кои се нетрпеливи да видат што ќе се случи по фамозното убиство со кое беше означен крајот на првата сезона.

Во втората, на одличната актерска екипа составена од Никол Кидман, Рис Витерспун, Зое Кравиц, Лора Дерн и Шајлин Вудли им се придружуваат и неповторливите Мерил Стрип и Мишел Фајфер со што серијата добива уште поголема популарност.

Целата актерска екипа се собра во Њујорк каде вчеравечер се одржа премиерата на втората сезона која ќе биде вистински хит годинава.

Прекрасните актерки одбраа супер впечатливи стајлинзи за свечениот настан, а се чини најмногу се истакна младата Шајлин Вудли која одбра транспарентна црна креација со длабоко деколте.

Подеднакво стилска беше и Зое Кравиц која на премиерата се појави во кусо црно светкаво фустанче со впечатлив карнер од страната.

Вистински дами беа Мерил Стрип и Мишел Фајфер, а онаа која предизвика најмногу внимание беше Никол Кидман која дојде во едноставни црни панталони и светкаво палто со пердуви што ѝ прилегаше неверојатно.

Токму таа и нејзината пријателка и колешка Рис Витерспун се продуценти на серијата, а актерките ќе кажат дека нивната заедничка работа е доказ за едно прекрасно женско пријателство и уште подобро завршена работа.

Премиерата на првата епизода од втората сезона е закажана за 10 – ти јуни.

Инфо: news.com.au

Фото: Getty Images

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
954 пати