Овој ранец веќе со години луѓето ретко го користат и комбинираат во својот имиџ барем кога одат до салата за вежбање. Затоа младиот моден дизајнер Александар Ванг заедно со неколку неговите пријатели реши повторно да го оживее овој моден додаток, аплицирајќи интересни дизајни, во комбинација со телефонската технологија . Повикувајќи се на неговите пријатели, стилисти, фотографи, Ванг, овој креативен круг на лица ги замолил заеднички да му ги достават своите скици, фотографии и логоа, користејќи го Самсунг Галакси Ноут, што беше и кулминативниот момент во креирањето на дизајнот и во целиот процес на работа.
Крајниот резултат е унисекс ранец, изработен од јагнешка кожа, чие име е Wallie, кој има метален и темен принт.
За Ванг ова е претставува апстрактен принт кој е во склоп со духот на Њујорк.
„Оваа соработка е доказ и одличен пример за тоа како технологијата и стилот може да функционираат заедно на еден неочекуван но навистина смислен и креативен начин“, вели Ванг.
Ранците ќе се пуштат во продажба во септември, во лимитирана верзија по цена од 350 фунти, во продавниците во Хонг Конг, Њујорк, Кореја и преку он лајн шопот на Александар Ванг.