Амал Клуни продолжува да блеска во винтиџ фустани

19 октомври 2022

Амал Клуни отсекогаш знаела како да се презентира себеси пред јавноста и како да се облече за свечени пригоди, како и за настани каде се појавува заедно со нејзиниот сопруг, холивудската ѕвезда Џорџ Клуни.

Па така и овојпат, за време на промотивната турнеја за неговиот најнов филм „Ticket to Paradise", адвокатката блесна во изданија кои го потврдија нејзиниот софистициран стил, уникатен вкус за мода и наклонетост кон винтиџ фустаните.

Фото: wmagazine.com

Во понеделникот, Амал им се придружи на Џорџ и Џулија Робертс за премиерата на новата романтична комедија, облечена во разнобоен фустан од колекцијата пролет/лето на Александар Меквин од 2003 година.

Фото: wmagazine.com

Кај долгата лелеава тоалета на прерамки што ја носеше Амал, доминираше боемската естетика, особено пресликана преку нерамномерните, несиметрични и „парталави" рабови, како и црвената основа пропрскана со сини и жолти нијанси. Амал го заокружи изгледот со златна клач чанта, црвен кармин и проѕирни ПВЦ високи потпетици.

Фото: wmagazine.com

Фото: Getty

Носењето винтиџ парчиња не е ништо ново за Амал. Всушност, ова е втор пат Амал да блесне во винтиџ фустан на црвениот килим за време на промотивната турнеја на „Ticket in Paradise".

Првиот пат беше во септември годинава, кога адвокатката се појави на светската премиера на филмот во Лондон, облечена во макси фустан со потпис од Џон Галијано од 1999 година. Креацијата беше во впечатлива ментол зелена нијанса и беше збогатен со блескава монистра. 

Фото: wmagazine.com

Објавено:
19 октомври 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.024 пати