Амал Клуни во полн сјај на црвениот килим во Венеција

4 септември 2017

Во фокусот на филмската индустрија е Венецискиот филмски фестивал, кој деновиве во Венеција ја собра шоу бизнис елитата.

Меѓу најочекуваните гости беше и познатата двојка Амал и Џорџ Клуни, кои завчера беа дел од престижната манифестација по повод премиерата на филмот „Suburbicon" во кој игра и Клуни.

За Амал ова беше прво појавување на црвен килим по породувањето, а општиот заклучок на модната критика се поклопи со оној на јавноста – Амал изгледаше одлично!

Вистинска гламурозна дама во макси тоалета од Версаче во боја на лаванда и фризура во стилот на „стариот Холивуд". Нејзиниот изглед беше надополнет со висечка обетка на едното уво.

Секако на истото ниво беше и Џорџ, кој пак одбра елегантен костум од Армани.

Фото извор: popsugar.com

Објавено:
4 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.253 пати