Вниманието на светската јавност вчера беше насочено кон Њујорк, каде се одржа 18-тата amfAR gala. Во присуство на голем број познати личности и овој пат им беше оддадена почит на индивидуалците што на несебичен начин придонеле за кревањето на свеста на епидемијата на ХИВ/СИДА. Наградата за посебен придонес оваа година му беше врачена на филмскиот продуцент Харви Вајштајн.

Џеј Зи, Роберт де Ниро и Харви Вајштајн

Настанот, како и секоја година, е проследен со коктел, свечена вечера, музички настапи и секако впечатливи креации на црвениот килим.

Во последната категорија најголемото вминание го привлекоа Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс. Облечена во креација на „Шанел“ и чевли на „Лубутан“, актерката блескаше во секоја смисла на зборот.

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Белата боја беше една од доминантните, па Хејли Болдвин, Ума Турман, Ники Хилтон беа дел од оние што се одлучија токму за неа. 

Парис и Ники Хилтон

Парис Хилтон покажа гламур во креацијата на Ели Сааб, а меѓу најдобро облечените беа и Дајан Кругер во креација на „Прада“, Џордан Дан во „Долче и Габана“, како и Каролина Куркова која за оваа пригода одбра креација на Ериксон Беамон. 

Дајан Кругер во креација на „Прада“

Меѓу присутните беа и Роберт де Ниро, Леонардо Дикаприо, Адриана Лима, Џеј Зи, Луис Хамилтон....

Леонардо Дикаприо и Роберт де Ниро

Инаку, amfAR gala се одржува уште од 1998 година и секое издание е проследено со донации од милиони суми. Оваа година се собрани над 15 милиони.

А, кога сме веќе кај парите, еве колку чинат картите за овој важен њујоршки настан.

Маса на големите филантропи - за 12: 75.000 долари

Маса на големите донори - за 10: 50.000 долари

маса на донори - за 10: 25.000 долари

донори во двојка: 25.000 долари

билет за покровител/клиент: 5.000 долари

билет за пријател: 2.500 долари

билет за поддржувач: 2.000 долари

Објавено:
11 февруари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.713 пати