Ана Дело Русо троши 50.000 долари на една комбинација

18 октомври 2013

Уредничката на јапонското издание на Вог, Ана Дело Русо, октри колку нејзиниот интересен моден стил е скап. За модните комбинации во кои се појавува издвојува, верувале или не, милиони.

„Морам да изгледам скапо“ и изјави Ана Дело Русо на уредничката на L'Uomo Vogue, Џована Баталја. „Потребно ми е 50.000 долари по комбинација кога трае некоја од модните недели“, додаде едана од најмоќните уреднички на модните магазини, која за таквите случувања во својот багаж носи и до 30 модни комбинации.

За разлика од нејзината колешка Ана Винтур, која на тоа не обврнува толку внимание, па знае да се случи и да се појави во ист фустан на повеќе случувања, Ана знае дневно да смени и по десет комбинации, затоа што некогаш се пресоблекува и после секоја ревија.

Ако им веруваме на изјавите на екстравагантната уредничка, потребен и е буџет од преку милион евра, ако секој ден носи брендирана облека вредна неколку илјади долари, на модните недели во Њујорк, Милано и Париз

Ана не оди на модната недела во Лондон, инаку износот би бил уште поголем.

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Сцена