Анџелина Џоли е прекрасна русокоса во Малта!

31 октомври 2014

Дека таа дефинитивно знае да ја „износи“ буквално секоја комбинација на светот, докажува и оваа ретро варијанта на Анџелина Џоли во која највпечатлива е нејзината руса коса на која не сме навикнати.

Последните фотографии од снимањето на нејзиниот нов филм „By the sea“ заедно со сопругот Бред Пит во прекрасната Малта, ја покажуваат во едно сосема поинакво издание во бел ретро фустан со долги ракави и жолта марама.

Ова е второто заедничко појавување на филмското платно на сопружниците Џоли – Пит по нивниот одличен Господин и Госпоѓа Смит од 2005 – тата година.

Во новиот филм како режисер се појавува токму Анџелина Џоли, додека продуцент е Бред Пит.

Актерката во филмот глуми поранешна танчерка која се соочува со предизвиците што и ги носи животот заедно со нејзиниот сопруг кој глуми американски писател, додека тие заедно патуваат низ светот.

Погледнете како минува еден ден од снимањето на „By the sea“ во прекрасната Малта.

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Сцена