Анџелина Џоли и Бред Пит изгледаа магично на лондонската забава за Maleficent

9 мај 2014

Кралот и кралицата на Холивуд, Бред Пит и Анџелина Џоли вчеравечер беа во центарот на вниманието во Кенсингтон палатата во Лондон каде прекрасната актерка продолжи со промоцијата на нејзиното последно филмско остварување – Maleficent (Злобната вештерка).

На приватната забава во неверојатната Кенсингтон палата, Анџелина се појави во друштво на нејзиниот сопруг, прекрасниот Бред Пит со кого изгледаа како штотуку да излегле од некоја бајка.

Облечена во специјално за неа изработен Версаче црн долг фустан, шармантната актерка го привлече сето внимание на црвениот килим. Друштво на прекрасната двојка на приватната забава и правеше нивниот син Медокс кој слично како и неговиот татко, се одлучи за целосно црна варијанта, но со црвена вратоврска.

Покрај одличната забава, во палатата можеа да се видат изложени и сите костими од филмот Maleficent чија премиера е закажана за 30 мај.

Покрај Анџелина и Бред, на забавата и изложба во Лондон, се појавија и прекрасната Ел Фенинг која во филмот ја толкува улогата на принцезата Аурора, која овојпат се реши за долга тоалета во беж боја на дизајнерот Џорџ Хобејка.

Гости на забавата беа и британската дизајнерка која го создаде свадбениот фустан на Кејт Мидлтон – Сара Бартон, Стела Мекартни, Клои Грин како и останатите актери од филмот.

Во продолжение погледнете како изгледаше една од најубавите двојки на денешницата и останатите гости на забавата додека сме во исчекување на премиерата на филмскиот хит на Дизни – Злобната вештерка.

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Сцена