Во пресрет на утрешното доделување на престижните филмски награди Златен глобус, вчеравечер во елитниот хотел „Four seasons“ во Беверли Хилс беше одржана церемонијата на доделување на не помалку значајните награди на Американскиот филмски институт (AFI).
Како „генерлана проба“ пред доделувањето на Златниот глобус, во парадата од ѕвезди што позираа на црвената патека, Анџелина Џоли и Бред Пит беше двојката што се издвојуваше со своето стилско влијание.
Според Американскиот филмски институт, токму новиот филм на актерката и режисерка Џоли, „Unbroken“ беше еден од најзначајните последниве 12 месеци, па тоа беше основната причина поради која познатиот пар се појави на доделувањето на AFI наградите.
Анџелина Џоли е едноставна, но секогаш доследна на својот стил, па така и овој пат пленеше со минималистичкиот црн костум од Сен Лоран комбиниран со бела кошула и широка насмевка.
Помеѓу познатите што се појавија на почесниот црвен килим беа и Мерил Стрип, Метју Меконахи, Ен Хатвеј, Кира Најтли, Стив Карел, Опра Винфри и други.