Анџелина Џоли се закити со титулата дама

15 јуни 2014

Актерката  која моментално е во Лондон и е домаќин на меѓународниот самит за сексуално насилство во подрачја зафатени со воен конфликт,  се најде  на листата признанија на заслужни личности, кои кралицата ги доделува на својот роденден. Анџелина Џоли која е и претставник на ОН, изјави  дека има намера да го намали својот ангажман на филмското платно и да се посвети на хуманитарната работа.

Најголем дел од имињата кои се наоѓаат на списокот на кралицата Елизабета II не се  јавни личности, односно може да се работи за допринос на војник или пак службеник, а сепак Џоли нема да може да ја користи оваа титула пред своето име бидејќи нема британско државјанство.

Оваа година титулата витез ја понесе добитникот на три Оскари, Даниел Деј Луис, а титулата дама на писателката Хилари Мантел. Меѓу наградените беше и починатиот тинејџер Стивен  Сатон, кој со својата хуманитарна работа успеа да собере четири милиони фунти во борбата против ракот.

Објавено:
15 јуни 2014
Категорија: 
Сцена