Анџелина Џоли деновиве беше фотографирана на сет во Рим, каде периодов работи на нејзиниот нов филм „Without blood". На фотографијата носи бел кошула-фустан кој се чини екстремно удобен, а истовремено со силен стилски ефект. Тоа што Џоли го комбинирала со лежерни, лесни влечки и ретро очила за сонце, е приказ како ова безвременско парче може да го стилизирате и во наједноставни, опуштени летни изданија.
Вакви модели на фустани носела и Џеки Кенеди, која им дала важност и универзален карактер, а и Одри Хепберн која овој тип на фустан го трансформирала во елегантно и женствено парче, што секоја дама го посакувала во својот плакар.
А денес речиси и секој плакар има по некој ваков модел на фустан: практичен, функционален во различни прилики, лесен за комбинирање и компактен за сечија фигура.
Варира во должините од мини до макси, со кратки или долги ракави, а изборот на дезени и бои е неограничен.
Следејќи го примерот на Џоли, направивме селекција на 10 бели кошула-фустани и исто толку начини како да ги комбинирате оваа летна сезона од утро до вечер.
Фото: Getty, Elle.com, Пинтерест