Безвременска убавина- Моника Белучи
•
29 јули 2013
Безвременската убавина на италијанската филмска дива е причината поради која таа се смета за една од најубавите жени во светот. Стилот на Моника Белучи е женствен, софистициран, префинет и заводлив. Во текот на кариерата докажала дека не бега од провокативниот изглед, а стилот сепак и е сведен на класични и елегантни парчиња. Атрактивната глумица на црвениот килим секогаш се издвојува со прекрасните гламурозни тоалети, останувајќи верна на Диор и Долче и Габана. Таа исто така ја подржува и тезата дека дијамантите се најдобрите пријатели на секоја жена.
Во помалку формални ситуации практикува да носи облека во црна нијана, а со колоритот не експериментира премногу, сведувајќи ја гардеробата на црната, белата и црвената нијанса.