Поп дивата Бијонсе во февруари ќе го лансира својот нов парфем едноставно наречен „Rise“.
По успешните „Heat“ и „Pulse“, Queen B реши да ги почести своите обожаватели со уште еден нов парфем со кој сака да ги повика сите жени во светот да бидат она што сакаат.
Парфемот е создаден од искусниот парфимер Лок Донг, а според неговиот опис, тоа ќе биде еден извонредно женски мирис со шармантни цветни ноти.
Во истиот преовладува мирисот на нежните орхидеи, инаку омилените цвеќиња на Бијонсе. Покрај одличниот мирис на парфемот, пејачката апсолутно се погрижила и за пакувањето на истиот, создавајќи елегантно шишенце со интересно капаче во златна боја.
Според пејачката, златната боја симболизира енергија, оптимизам, моќ и неверојатна сила.
Сосема „случајно“, лансирањето на новиот парфем на Бијонсе се случи само еден месец подоцна откако нејзиниот сопруг Џеј Зи под името „Jay Z Gold for Men“ во продажба го пушти својот нов парфем.