Иконата Бијонсе (40), во четвртокот го најави својот камбек, позирајќи на насловната страница на британскиот Vogue.
По цели шест години пауза, пејачката и добитничка на Греми награди, се враќа со нов албум налсовен „Ренесанса". Албумот ќе биде објавен на 29 јули, а како дел од промотивниот процес, Бијонсе позираше за фотосесија на Vogue.
На насловната страна, таа седи на коњ, облечена во црна кадифена тоалета, а на главата носи драматична круна од црни пердуви дизајнирана од Harris Reed.
Таа исто така се појавува облечена во златно палто извезено со кристална мрежа на Schiaparelli Haute Couture, носи винтиџ накит и кристали на Swarovski, како и обетки со позлатени кристали.
На друга фотографија пак, пејачката позира седната на диско топка, облечена во свилен корсет, сребрени хеланки и свилен „опаш" на Harris Reed . Чизмите украсени со чипка на Harris Reed и Roker го комплетираат стајлингот заедно со круната од пердуви дизајнирана од Harris Reed и Vivienne Lake. На оваа фотографија, пејачката носи и ѓердан од платина и дијамант на Tiffany.
Според главниот уредник на Vogue, Бијонсе „сака да си игра со модата како никогаш досега".
Тоа се забележува и во фотографијата каде пејачката позира седната на мотор, целосно облечена во кожа, вклучително и кожна јакна од Junya Watanabe, винилни хеланки Commando, чизми на платформа Harris Reed & Roker и кожна круна со мониста со сребрени обетки од Malakai.
Уредникот Енинфул ја опиша инспирацијата за фотосесијата како „модно-фантастичен спин на клупскиот живот во текот на последниот квартал од минатиот век".
Несомнено, оваа фотосесија претставува совршена илустрација на „ренесансата" во музиката и стилот на Бијонсе и ја означува новата гламурозна ера на пејачката.