Магазинот „Билборд“ неодамна по 15 пат ги соопшти добитничките на наградата „Жени во музиката“.
Така, Џенифер Лопез повторно е прогласена за музичка икона, награда која претходно им била доделена и на Арета Френклин, Аланис Морисет и други... Некои сметаат дека годинава сите музички награди како да се резервирани за Лопез, како да нема други жени кои можат да се најдат на нејзиното место.
Сепак, многу повеќе внимание предизвика наградата за „Жена на годината“, која ѝ припадна на Карди Би. Ова беше бурно проследено на социјалните мрежи, а очигледно ваквите реакции ја погодија и Карди, која пак одговори во свој стил.
View this post on Instagram
„За сите вас што збирувате: „Но, таа има само една песна...“. Да, јас ја имам ТАА песна. Најпродаваната. Со најмногу стримови. Песната што по шести пат ќе стане платинеста во три месеци“, напиша Карди на социјалните мрежи, мислејќи на контроверзниот хит „WAP“. Покрај тоа, таа не пропушти да го спомене и својот политички активизам, како и деловните соработки во годинава на изминување.
„Да, јас ја претставувам Америка, сакав промена и токму тоа и го направив“.
Меѓу добитничките на награда е и Дуа Липа, која ја доби наградата за доминана застапеност на радио станиците, продажба и стриминг. Нејзиниот онлајн концерт го следеа преку 5 милиони луѓе, што е само причина повеќе што наградатa „Powerhouse“ ѝ беше доделена неа.
На крајот, уште еден избор на „Билборд“ беше проследен со внимание, но не толку колку што можеби заслужува. Во категоријата „Хитмејкер“, победничка е Доли Партон.