Блејк Лајвли го рекламира новиот парфем на Гучи

14 јули 2014

Црно – белата фотографија, заедно со лускузната тоалета во која е облечена Блејк Лајвли асоцираат на времето на златната доба на Холивуд. Ова не е прв пат Лајвли да биде дел од кампања за модната куќа, со која има потпишано договор уште во 2012 година.

Според гласините во модните кругови, овој договор „тежи“ четири милиони долари, а покрај ангажманите за Гучи и улогата во филмот „The Age Of Adaline" кој премиерно ќе биде прикажан во 2015 година, актерката најавува и сопствена веб страна до крајот на оваа година.

Објавено:
14 јули 2014
Категорија: 
Сцена