Блејк Лајвли највпечатлива на хуманитарната забава во Њујорк

17 октомври 2014

Прекрасната Блејк Лајвли блесна во полн сјај на црвениот килим за прв пат откако неодамна објави дека го очекува првото дете со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.

Таа носеше фантастичен светкав фустан во боите на есента, во кој изгледаше неверојатно слатко во најубавите моменти од нејзиниот живот.
Blake Lavely

Покрај 27 – годишната актерка, на црвениот килим на хуманитарниот настан God’s Love We Deliver Golden Heart Awards во Њујорк, се појавија и многу други холивудски дами во беспрекорни изданија.

Прекрасната нова миленичка на Холивуд, Џејми Кинг на хуманитарниот настан се појави во шармантно жолто фустанче, додека секогаш позитивната Хали Бери ги изненади нејзините обожаватели со нова куса фризура и бел фустан до колената што одлично и прилегаше.

Jamie King

Дел од хуманитарниот настан беше и единствената Ана Винтур која овој пат се одлучи за свилен фустан до под колената со неодолив цветен принт во неколку бои.

Повеќето познати личности беа облечени во креација на Мајкл Корс.

Инаку, целта на овој настан е со помош на средствата што ќе се соберат да им се олесни и помогне на оние жители на Њујорк кои гладуваат или боледуваат од болести што го менуваат животот на било каков начин.

 

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Сцена