Бохо парчиња и неодоливи ѕвезди на ревијата на Барбери во Лос Анџелес

17 април 2015

Британскиот луксузен моден бренд Барбери вчеравечер во Лос Анџелес ги собра сите ѕвезди на едно место! Кристофер Бејли направи неверојатно шоу со најголемите холивудски ѕвезди во првите редови во Грифит опсерваторијата каде се одржа неговата долгоочекувана „London in Los Angeles“ ревија.

Брендот прикажа неверојатни бохо креации кои иако на моменти наликуваа на оние на Валентино, сепак беа нешто тотално шик и софистицирано во исто време.

На ревијата во неверојатната опсерваторија и градина во Лос Анџелес пристигнаа некои од најпознатите холивудски дами целосно облечени во креации од нивниот омилен моден бренд.

Најголемо внимание дефинитивно предизвика прекрасната манекенка Роси Хантингтон Вајтли која се одлучи за секси кусо фустанче со длабоко деколте и неодоливи принтови од новата колекција на брендот.

Вистинско олицетворение на бохо романтизам беше и познатата холивудска стилистка и дизајнерка Рејчел Зое која овојпат се одлучи за лежерно долго фустанче во кафени нијанси комбинирано со црна кожена јакна и високи потпетици.

Сосема очекувано, во првите редови го видовме и семејството Бекам кои тотално координирани со стајлинзите, ја проследија ревијата на брендот и направија неколку фотографии.

Во секси издание можевме да ги видиме и пејачката Ели Гулдинг која на ревијата на брендот пристигна во тесно кожено фустанче во сива нијанса, но и нејзината сограѓанка, манекенката Кара Делевињ која се одлучи за интересна црно – златна креација.

Подеднакво прекрасни и впечатливи беа и актерките Кејт Бекинсејл, Мишел Монаган, Мила Кунис и бремената Џејми Кинг.

Во продолжение погледнете ги стајлинзите на некои од најпознатите ѕвезди што присуствуваа на ревијата и дел од одличните креации што британскиот бренд ги понуди во Лос Анџелес.

Објавено:
17 април 2015
Категорија: 
Сцена