Божиќните излози на модната куќа Ланвин

24 декември 2013

 

Излозите на модната куќа Ланвин на легендарната улица Faubourg Saint-Honore секогаш го одземаат здивот и го задржуваат вниманието на љубопитните минувачи.

Албер Елбаз кој се наоѓа на чело на оваа француска модна куќа не крие дека креирањето на уникатни излози му причинува посебно задоволство и секоја сезона настојува да отиде чекор понапред и на своите клиенти да им понуди незаборавен амбиент во кој ќе уживаат додека купуваат.

За претстојните празници Елбаз одлучи париската модна публика да ја однесе во градот кој никогаш не спие - Лас Вегас. Светлечките инсталации се испреплетени помеѓу препознатливите модни доадтоци со потписот на брендот, а сценографијата е надополнета со минијатурни фигури во духот на празниците.

 

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Сцена