Британците ја прославија крштевката на принцезата Шарлот

6 јули 2015

Изминатиов викенд уште еден настан беше будно проследен од јавноста, особено британската. Кралското семејство, со уште 21 поканет гост, на приватна церемонија ја крстија малата принцеза Шарлот. Чинот се одвиваше во црквата Света Марија Магдалена во Норфик, на истото место каде што е крстена и принцезата Дајана во 1961-та година.

2A3816DA00000578-3149880-Members_of_the_Royal_family_including_the_Queen_and_the_Duke_of_-a-5_1436134826051

Ова воедно е и првата пригода каде целото младо кралско семејство се појавува заедно. И иако Шарлот Елизабет Дајана беше во центарот на вниманието, ништо помалку не беше забележан и малиот принц Џорџ. Тој беше облечен идентично како и неговиот татко, за време на крштевката на принцот Хари.

лево е принцот Џорџ, а десно принцот Вилијам на крштевката на принцот Хари лево е принцот Џорџ, а десно принцот Вилијам на крштевката на принцот Хари

Инаку, кога сме кај него, тој не присуствуваше на овој чин, но затоа останатите членови на кралското семејство - кралицата Елизабета (89) и принцот Филип (94), принцот Чарлс со Камила, како и родителите на Војвотката од Кембриџ, нејзиниот брат Џејмс и сестра Пипа, која облечена во бел фустан со долги ракави, доби пофалби за изгледот, беа заедно да го прослават овој свечен ден.

Принцезата Шарлот беше облечена во истиот фустан во кој се крштеваше и принцот Џорџ, а Кејт остана доследна на својот префинет стил во бел летен мантил, фустан  и шапка.

И покрај малиот број на поканети гости, голем број на љубители на кралското семејство со часови седеа пред црквата, чекаа да ја видат принцезата и да прослават.

А еве и фотографии во продолжение:

Објавено:
6 јули 2015
Категорија: 
Сцена