CFDA ги додели престижните награди на младите дизајнерски надежи

13 ноември 2013

Вчера вечер Американското здружение на модни дизајнери (CFDA) по 10-ти пат ги додели Vogue Fashion Fund наградите за најдобрите млади модни дизајнери.

Оваа година првонаградени со 300 илјади долари како и престижно менторство од некој од модните ветерани, се Dao-Yi Chow и Maxwell Osborne  од брендот Public School, а исто така беа наградени и надежните Marc Alary и Juan Carlos Obando со парична награда од 100 илјади долари, вклучувајќи и менторство.

Наградите ги врачи легендарниот Том Форд, а меѓу присутните беа и: Џулијан Мур, Ана Винтор, Џејсон Ву и многу други.

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Сцена