Чизмите на Мишел Обама го „полудеа“ Интернетот

21 декември 2018

Поранешната омилена прва дама на САД Мишел Обама на најдобар можен начин ја круниса годината полна модни погодоци.

На последната промоција на нејзиниот бестселер „Becoming“ во Бруклин, таа се појави заедно со познатата актерка Сара Џесика Паркер со која разговараа за нејзината книга и како таа стана најпродавана во Америка.

На промоцијата прекрасната Мишел се појави во впечатлив жолт свилен фустан од пролетната колекција на Баленсијага што сè уште не е достапен за јавноста, но целото внимание беше свртено кон чизмите што таа ги комбинираше со фустанот кои се со потпис на истата модна куќа. 

За време на настанот, таа говореше за нејзините модни избори низ годините кои дефинитивно оставија печат и ја направија една од најстилските жени во светот.

„Знаев дека мите комбинации секогаш оставаат некаков печат, па си реков дека тоа можам да го искористам за да промовирам некои нови и млади дизајнери кои не добиваат многу внимание, бидејќи тоа може да го промени нивниот живот, што е една од причините што го одбрав Џејсон Ву за инаугурациската вечер“, изјави Обама.

Во однос на изборот на чизми, кои сосема нормално се распродадоа за само неколку часа иако истите чинат неверојатни 4.000 долари, таа ќе рече:

„Сега сум слободна да правам што сакам. Позади нив не се крие никаква порака. Едноставно ми се допаднаа. Ги видов и си реков: Ова се навистина добри чизми“, рече таа на промоцијата на нејзината нова книга.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
21 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.121 пати