Актерката Мила Кунис неодамна присуствуваше на премиерата на новиот филм „The Spy Who Dumped Me“ во Лос Анџелес, а вниманието го привлече со својот изглед.
Таа се одлучи за црвен фустан без прерамки. полу-транспарентен, кој предизвика бројни коментари. Додека едни коментираат дека изгледа совршено и дека фустанот е израз на сексапил, други сметаат дека Мила Кунис направила тотално модно промашување.
Забелешки отидоа и на сметка на тоа дека актерката е премногу слаба, па изгледа како фустанот да ќе ѝ падне во секој момент.
Она во што сите се согласија е дека фризурата и шминката се одлични и дека со нив го има доловено гламурот на стариот Холивуд.
Инаку, покрај Мила Кунис, во филмот се појавуваат и Кејт Мекинон, нејзината најдобра пријателка и во приватниот живот, како и Џастин Трудо и Шерон Стоун.
Како вам ви се допаѓа изгледот на Кунис?
фото извор: dailymail.co.uk; thesun.co.uk;