На црно – белата фотографија моделот е претставен во парчиња од модната куќа, во соба со огледала, но најважното со кратка машка фризура. Всушност тоа беше дел од концептот на Александар Ванг, кој за изменетиот стил на Бундшен изјавил –„Тоа е начинот на кој јас ја доживувам Жизел , како силна, мистериозна и бескомпромисна жена“.
Сепак бурните реакции кои ги предизвика фотографијата може да стивнат бидејќи благодарение на Инстаграмот, дојдовме до заклучок дека сепак убавата Бразилка се' уште е со долга смеѓа коса со руси прамени. Сликите беа постирани како поддршка на нејзините сонародници од националниот тим на Бразил за СП.
Без разлика дали се работи за добар фотошоп или перика, сепак не се сомневавме дека Жизел би ја скратила косата за потребите на кампањата, кога благодарение на неа заработува милиони како заштитно лице на брендот Пантен.