Хрватската ѕвезда, Данијела Мартиновиќ завчера во близина на Загреб, ја промовираше својата автобиографска книга "Tuširanje duše", во друштво на нејзиното семејство, пријатели и соработници.
„Навистина е тешко да се опишат нијансите и распонот на расположение и состојби низ кои поминував додека ја пишував оваа книга, но она што треба да се нагласи е дека настана без предомислување. Настана од мојата длабока креативна, морална, а пред се емоционална потреба ... Од својата 14 година сум на сцена под рефлекторите, на сепак најголемиот дел од животот бев невидлива. Никој не гледаше која сум вистинската јас, нити знаеше што навистина чувствувам и беше навистина тешко да се живее таков живот. Ќе се осудам да бидам храбра и на публиката и читателите да им кажам, дека сега навистина ќе ја запознаете реалната Данијела", кажа во својот емотивен говор пејачката и пистаелка.
За приликата изгледаше шармантно, во жолт, романтичен флорален фустан со голи рамена и спуштени, волумензони ракави. Шик, летно и свежо!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram