Дејвид Бекам и Харпер: Татко и ќерка уживаат во Венеција
•
15 јуни 2022
Јуни е месец посветен на татковците, а секоја трета недела во овој месец е Светски ден на таткото.
Еден татко и една ќерка овој месец уживаат во Венеција. Дејвид Бекам деновиве на Инстаграм споделува неодолива серија фотографии и видео од неговиот престој со ќерката Харпер во Венеција. И очигледно поминуваат одлично време заедно.
Ги посетуваат културните знаменитости на градот, јадат сладолед, а беа и на настан во оперската куќа „Ла Фениче", каде за приликата 10-годишната Харпер се дотера во шармантен омбре фустан од Zimmermann и го комбинираше со патики.
Под објавите на Бекам се редат коментари и комплименти, колку заедно се супер татко-ќерка тандем.