Ако постоеше натпревар за креациите на црвениот килим на Мет Галата, Ријана сигурно ќе освоеше некоја награда. Во тесна конкуренција со Бијонсе и Сара Џесика Паркер, креацијата што ја носеше убавицата од Барбадос беше една од најкоментираните и тоа во негативна конотација.
По сè изгледа дека годинешнава тема на Галата, Кина односно China, Through the Looking Glass, беше тешка за многумина.
Гуо Пеи
Тоа беше добар повод за Elle да го прашаат дизајнерката на фустанот, Гуо Пеи што мисли за појавувањето на Ријана и генералниот впечаток од свеченоста. Инаку, многу коментираната боја на фустанот всушност го претставува кралството во кина, а бил изработуван рачно и тоа две години.
Престојот на кинеската креаторка во Њујорк не се должи само на Мет Галата, туку и на соработката со М.А.С за колекција на декоративна козметика која треба да се лансира следната сезона. За комплетно доживување на козметиката, таа дизајнира и осум досега никогаш видени фустани.
Во продолжение ви пренесуваме дел од разговорот за Elle.
Како се случи соработката со Ријана?
-Со оглед на темата на Мет Гала, тимот на Ријана ме контактираше. Ријана беше таа што го одбра фустанот. Таа креација е од колекција од 2012 година. Инспирацијата беше да изгледа како кралица. Во Кина, жолтата е боја на кралството.
Што помисливте кога ја видовте на црвениот килим?
-Тоа беше остварување на сон. Дури и кога фустанот беше на писта, не беше совршен толку колку што беше во интерпретација на Ријана. Навистина останав без зброви. Но, мора да разберете дека оваа креација е многу, многу тешка за носење. До последната минута пред да стапне на црвениот килим, Ријана не беше сигурна дали ќе успее да го износи фустанот. Тежок е 25 килограми. Се изненадив и на храброста што сака да го носи. Веднаш после црвениот кили, таа ме праша: „Можете ли да ми кажете колку е всушност тежок фустанот?“.
Во Кина сте веќе 30 години позната како дизајнерка. Сега, кога преку Ријана успеаја да ве запознаат и во САД, кои се Вашите следни планови?
-Би сакала мојата ready-to-wear колекција да ја донесам во Америка. Во Кина, многу од луѓето ги познаваат моите дизајни и навистина сум среќна што сум позната во мојата земја.