После изјавата на принцот Хари во документарниот филм „Хари и Меган: Африканското патување) дека тој и Вилијам во последно време поминуваат тешки моменти како браќа, јавноста со нетрпение очекуваше да види дали двајцата ќе се појават на свеченоста која се одржува ден пред „Денот на сеќавањето“ во Ројал Алберт Хол.
Да, тие викендов се појавија во друштво на своите сопруги, но пристигнаа одвоено.
За нивниот лош однос се зборува речиси две години, а изгледа работата кулминираше на крштевката на Арчи, синот на Хари и Меган. Имено, во британските медиуми постојат шпекулации дека проблемите во односнот меѓу браќата се поради нивните сопруги, кои не се поднесуваат уште од почетокот и имаат различни ставови и несогласувања.
Викендов пак, Меган и Кејт го привлекоа вниманието со сличните стајлинзи. Двете се појавија во темни капути, украсени со црвен цвет, кој се носи уште од 1921 година, во спомен на војниците кои ги изгубиле животите во двете светски војници.
Подоцна, на свечената вечера, Меган се појави во црн брокатен фустан, со широко здолниште и ремен кој го истакнуваше струкот, креација изработена специјално за неа од модната куќа „Ердем“. Капутот кој претходно го носеше пак, е со потпис на Стела Мекартни.
Кејт Мидлтон пак, се одлучи за фустан со едноставна линија, во темносина нијанса, кој го искомбинира со кадифен ремен во црна боја и украсно венче, кое е апсолутен тренд периодов.
Принцовите носеа темни одела, со исти вратоврски во црвени и црни риги.
Погледнете: