Раперот Дрејк за првпат одлучи да сподели фотографии од својот двегодишен син Адонис. Тој на својот Инстаграм профил закачи неколку фотографии, а со цел да пренесе значајна порака до сите оние што го следат.
Како вели во описот, она што е најважно во овој момент е да се поврземе со нашето внатрешно светло. Тоа ќе ни помогне на сите да бидеме поотворени.
View this post on Instagram
„Верувајте во моќта што ја поседувате, она што ќе ви помогне да се поврзате со луѓето и работите што ви носат радост. Кога мозокот почнува да размислува премногу или да се плаши, префлете го вниманието на нешто светло, радосно. Не е важно што ви се случило во минатото или што се случува околу вас сега, секогаш можете да направите избор да се ослободите од кругот на страдањето и паниката и да се запалите своето светло“, потенцира музичарот и додава:
„Смеата е најдобар лек, но солзите можат исто така да бидат моќно ослободување. Отпуштете го од себе секое чувство на осуда што можеби го имате во врска со тоа. Запомнете дека никогаш не сте сами, а ако ви треба потсетување за тоа, побарајте помош и поддршка и ќе се појави. Невозможно е да имаме контрола на сите работи околу нас, но кога ќе го свртите фокусот на она како вие сакате да се чувствувате, сè ќе се сврти кон вас во вид на помош. Го сакам и ми недостасува моето семејство и пријателите и едвај чекам да дојде тој радосен ден кога сите ќе бидеме во можност да се обединиме. До тогаш, држете ги вашите светла запалени“, е одличната порака на Дрејк.
Но, покрај неговите зборови, уште повеќе реакции имаше на фотографиите на неговиот син Адонис, кој има неодоливо убава кадрава коса и крупни сини очи и ги освои сите симпатии веднаш.