Џаред Лето е совршеното лице за Gucci Guilty
•
14 декември 2015
Креативниот директор на Гучи, Алесандро Мишел го одбра актерот и музичар Џаред Лето за ново заштитно лице на парфемот Gucci Guilty.
Рекламната кампања е снимена во Венеција според креативната замисла на самиот Мишел, кој одлучил дека Лето е совршен лик за овој проект.
Инаку актерот кој честопати знае да го промени имиџот и да експериментира со својот изглед, за потребите на оваа реклама ја врати смеѓата нијанса на косата.
Ова е прва соработка на Лето со Гучи.