На премиерата на „Halloween Ends" која се случи во вторникот во Лос Анџелес, холивудската актерка и легенда Џејми Ли Кертис (63), зачекори на црвениот килим придружена од своите две ќерки, Ени и Руби Гест.
Актерката блесна пред рефлекторите и камерите на црвениот килим облечена во беспрекорно елегантна креација со потпис на дизајнерот Ралф Лоран. Црвената „Minali" макси тоалета обложена со блескава мрежа, која ги открива рамениците и рабови кои го допираа подот, совршено ја го истакнаа софистицираниот вкус на Џејми Ли Кертис. Актерката го ккомплетираше изгледот со дијамантски обетки на Кејти Ватерман.
Нејзините ќерки го следеа примерот на својата мајка, па така Ени се одлучи за црн фустан без прерамки со благо деколте и сребрени рози извезени на корсетниот горен дел од фустанот и мрежести ракавици, додека пак Руби се одлучи за сребрен фустан во комбинација со црн блејзер и чанта во форма на тиква.
"Моето семејство. Најгордата мајка. Љубовна поддршка. @halloweenmovie", гласи описот под фотографијата која Кертис ја објави на Инстаграм веднаш по премиерата.
View this post on Instagram
Со овој последен филм од „Halloween" франшизата, актерката се збогува со нејзиниот лик Лори Строд.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram