Сен Лоран го одбра Џек Баг како нов лик за комерцијален плакат. Пејачот и текстописец е најновиот член на музичкиот проект во организација на овој моден бренд.
Баг е првиот британски музичар и единствен од низата нови музичари, кој ќе им се придружи на веќе етаблираните музички ѕвезди Кортни Лав, Чак Бери и Дафт Панк. Џек беше фотографиран во Лос Анџелес, додека го снимаше својот втор албум.
„Баг прв пат го посетил Хеди Слиман, актуелниот уметнички директор на Сен Лоран, во Париз уште пред да го издаде својот прв албум во 2012 година. Тој беше првиот од младата генерација музичари кој ги облече парчињата на брендот“, велат од службата за односи со јавноста на познатата модна етикета.
Само да напоменеме дека ова не е прв пат 19 годишниот музичар да се поврзува со модни брендови. Имено, тој е еден од првите артисти кој беше дел од тимот на иницијативата на Барбери, насловена „Burberry's Acoustic“.