Прекрасната Џенифер Анистон е ѕвезда на насловната на октомвриското издание на магазинот In Style и како и секогаш, изгледа и повеќе од одлично.
Оваа година таа наполни 50 и тоа беше навистина голема работа за актерката, а токму за годините и стареењето говори и во интервјуто за магазинот.
Иако говори за тоа дека воопшто не се чувствува поинаку на 50, сепак ќе каже дека помислата за седите влакна ја плаши.
„Кога наполнив 50 за прв пат си помислив, па тоа е веќе бројка...Но, не се чувствувам поинаку. Работите не стивнуваат на ниту едно поле. Физички, се чувствувам неверојатно. Но, чудно е што одеднаш сите почнуваат да ми кажуваат како изгледам одлично за моите години, мислам дека треба малку да поработиме на тие коментари и етикетирања“, вели ѕвездата од „Пријатели“ во интервјуто.
Додава и дека она што за неа е секси кај жената е моќта, интелигенцијата и колку се креативни.
Токму на овие работи е фокусирана и нејзината нова серија во која глуми заедно со Рис Витерспун „The Morning Show“, а која ќе почне да се прикажува во ноември.
„Преку шоуто ќе може да „ѕирнете“ зад завесата на тоа како изгледа подготовката на едно утринско шоу, уникатниот живот на овие ѕвезди, опсесијата со познатите и културата на шоу бизнисот, но и човечноста во средината на корупцијата“, вели актерката.
Додава и дека преку серијата гледачите ќе може да се соочат со грдата вистина за тоа како мажите ги третираат жените во општеството, особено на работните места.
Во серијата таа повторно воодушевува со стајлинзите, овојпат претежно деловни како што и ѝ доликува на ТВ водителка.
„Инспирација за истите беше Даен Сојер, ја знам долги години и таа секогаш е толку елегантна и изгледа одлично“, додава Анистон.
Подеднакво добро таа изгледа и во фотосесијата за магазинот, а можеме да ја видиме во неколку различни стајлинзи со интересна фризура и шминка, а на една од фотографиите се гледаат и пегите на лицето по кои е позната, а се чини дека таа е и најприродната од сите фотографии.
Инфо и фото: Daily Mail, In Style,