Џерард Батлер го замени Рајан Рејнолдс како заштитно лице на Хуго Бос

15 октомври 2014

Додека актерот Рајан Рејнолдс е преокупиран со подготовката околу доаѓањето на првото дете со Блејк Лавли , неговиот колега Џерард Батлер го замени како заштитно лице за реномираниот бренд Хуго Бос. 44 годишниот шкотски актер преку најновата рекламна кампања е вистински џентлмен обидувајќи се да го претстави мажот на денешницата, односно профилот кој уверено го дефинира својот успех. Одговорните од Хуго Бос велат дека го избрале Батлер токму поради неговата реалистичност, сигурност во себе со цврсти дефиниции, тврд но сепак рафиниран. Во врска со овие свои вредности тој  објаснува дека цврсто се труди да остане оној вистинскиот.

-Градењето на човекот почнува од фазата на растење, созревање, учењето како да се биде човек , но и да се научи како да се биде витез а како џентлмен, изјавува Батлер.

Тој исто така истакнува дека многу важен сегмент е балансот помеѓу приватниот живот и професионалниот.

-Токму работата на оваа рекламна кампања за Хуго Бос е време кое го посветувам  лично за себе. Во животот или премногу сум работел или пак сум се преокупирал со приватноста. Секој маж треба да пронајде време за себе, свое скришно катче каде ќе може да ги среди мислите, објаснува актерот.

Инаку, во наредниот период Џерард Батлер покрај за најновите колекции на брендот, ќе биде и главниот протагонист за промоција на парфемите.

Објавено:
15 октомври 2014
Категорија: 
Сцена