Познатата холивудска актерка Џесика Алба деновиве е во Дубровник, како што пренесува сајтот croatiaweek.com.
Поводот за нејзиниот престој во еден од најпосетените туристички центри на Јадранското море, е нејзиното учество на конференцијата New Europe Market (NEM), што важи за еден од најзначајните и најмасовните настани во телевизиската индустрија во регионот.
Алба е специјална гостинка на настанот, каде што го промовира американскиот телевизиски серијал - драмата „L.A.'s Finest".
Секако, 38-годишната актерка ја користи приликата да го доживее Дубровник во неговото најмагично издание, па не пропушта да ги посети неговите културни знаменитости, како и популарните места за кафе, добро вино и рестораните со вкусна морска храна.
„Ова место е неверојатно! Храната, Јадранското море, се е воодушевувачко!", напиша Алба во пост на својот Инстаграм профил.
Извор: croatiaweek.com
View this post on Instagram