Џиџи Хадид ги подготви божиќните декорации за ќеркичката

26 ноември 2020

Познатиот модел Џиџи Хадид многу ретко објавува фотгорафии од својата двомесечна ќеркичка. Уште во текот на бременоста, изјави дека тоа е приватна работа и дека не чувствува обврска ниту желба да ја споделува со сите.

„Сметам дека покрај тоа, бременоста е приватна работа и не е нешто што треба да го споделам освен со моето семејство и пријатели. Очигледно, голем број луѓе ги изгубија своите животи за време на корона вирусот, кое почна со карантинот и уште се случува. Не брзам да ги споделувам вестите. Едноставно, не сакам во текот на бременоста да се будам секое утро загрижена и да се заморувам со тоа дека морам да изгледам слатко или дека морам да објавам нешто во врска со тоа", изјави моделот пред неколку месеци.

Сепак, понекогаш знае да сподели по некоја фотографија, каде што лицето на бебето не е изложено. Токму таква се и последните објави.

„Нов начин на измореност и зафатеност, но таа навистина беше умна, па доби божиќни декорации порано“, напиша Хадид на Инстаграм, објавуајќи фотографии од неа во лежерно издание, како го носи бебето, но и од божиќните декорации кои ги спомнува.

Погледнете:

 

фото: Instagram.com/gigihadid;

Објавено:
26 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
519 пати