Светските медиуми уште претходната недела почнаа да објавуваат вести дека моделот Џиџи Хадид се породила во тајност.
Но, со најновата Инстаграм фотографија, таа ја сподели убавата вест со јавноста.
View this post on Instagram
„Нашето девојче стаса на свет минатиот викенд и веќе сосема ни го смени целиот свет. Исполнети сме со многу љубов“, напиша моделот под фотографијата на која се гледа рачето на нивната ќеркичка.
Својата радост ја искажа и Зејн преку социјалните мрежи.
„Не постојат зборови со кои можам да опишам како се чувствувам во моментов. Љубовта која ја чувствувам за ова малечко битие е вон сите рамки. Благодарен сум што можам да ја наречам своја, што ја имам и за животот што ќе го имаме заедно“, напиша музичарот.
View this post on Instagram
Моделот и пејачот се во љубов од 2015 година, која доживеа неколку падови и подеми, а сега е крунисана со доаѓањето на нивната ќеркичка, чие име сè уште не го откриваат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram