После прославувањето, Џил Бајден, новата прва дама на САД ги започна своите активности во Белата куќа.
Претседателската двојка присуствуваше на утринска церемонија, после што официјално ќе ја започнат својата работа и престој таму.
View this post on Instagram
И конечно моден погодок за 69-годишната Џил Бајден. Фустан од дизајнерот Брендон Максвел е изборот кој сите го пофалија. Минималистички изглед - фустанот има ракави до лакт, ја следи линијата на телото, но не вулгарно, а должината е миди и малку се шири во долниот дел.
Бајден одлучи да го надополни изгледот со долг бисерен ѓердан, чевли на висока потпетица во беж нијанса, што дополнително визуелно ја издолжуваат и секако заштитна маска од истиот материјал и боја како и фустанот.
View this post on Instagram
Инаку, Брендон Максвел беше и еден од омилените дизајнери на Меланија Трамп и е еден од новата генерација дизајнери кои можат да се пофалат со одлична кариера и соработки со личности од А-категорија.
View this post on Instagram
Единствената примедба што ја имаме овој пат е изборот на боја - повторно е црвено-виолетова и сметаме дека треба малку да престанат да ја форсираат.
Пораката дека тоа е микс од сината и црвената кои се наоѓаат и во државните симболи на Америка, како и дека тоа е боја која се добива од „републиканската“ црвена и „демократската“ сина (власт за сите), но и како боја која се користела во 1900-тите во кампањите за правата на жените да гласаат беше сосема јасна уште при претходните модни комбинации.