Џоди Тарнер-Смит во неверојатна Balmain креација на црвениот килим на Лондонскиот филмски фестивал

8 октомври 2022

Британската актерка Џоди Тарнер-Смит комплетно го привлече вниманието на јавноста и камерите на овогодинешниот Лондонскиот филмски фестивал појавувајќи се на црвениот килим во неверојатна и смела креација со потпис на Balmain во која изгледаше како вистински суперхеројски лик.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wayman Micah (@waymanandmicah)

Со овој избор на блескав макси фустан со долги ракави кој беше надополнет со металик златен детаљ налик штит кој се протега од торзото па сè до долните рабови, Џоди свесно скршнува од очекуваниот холивудски гламур.

Фустанот е дело дизајнерот Оливие Рустенг кој откако за време на Ковид карантинот претрпе тешки изгореници значително се опседна со заштитната облека, а таа опсесија видно се преточува во неговите дизајни, меѓу кои и фустанот во кој ја облече Џоди.

Со тоа, симболиката зад модниот израз на Оливие добива сосема ново значење, а кога големи имиња како Џоди Тарнер-Смит ги носат овие парчиња, тие стануваат метафора за моќ и надеж.

Изгледот на Џоди беше надополнет со Bvlgari нараквици во форма на змии кои се обвиткуваат околу зглобовите на рацете. Погледнете како изгледаше актерката на црвениот килим.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Објавено:
8 октомври 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
193 пати