Џони Деп по трет пат во видео запис на Пол Макартни

10 јули 2014

Песната „Early Days“ е всушност автобиографско дело на Макартни кој на овој начин ја изразува носталгијата за периодот на почетоците на славната четворка – Битсли. Во спотот се претставени млади музичари во времето на расната сегрегација на американскиот југ и нивниот секојдневен живот исполнет со дружење, музика и животни желби. Повремено во спотот се појавува Пол Макартни, а некаде при крајот му се придружува и Џони Деп и двајцата изведуваат спонтан „jam session“.

Џони Деп по трет пат соработува со Макартни, а претходно се има појавено во видео записите за песните „My Valentine"  и „Queenie Eye", а на снимањето на „Early Days“ беше присутна и Пети Смит, но не застана пред камерата.

Објавено:
10 јули 2014
Категорија: 
Сцена