Џони Мичел е ангел во Ланван на насловната на Њујорк Магазин

10 февруари 2015

Без разлика на тоа дали таа е фасцинирана од фактот или не, Џони Мичел и денеска има подеднакво влијание врз модниот свет како што имаше во 70 – тите.

Седумдесет и едногодишната канадска пејачка ја краси насловната на Њујорк магазинот, облечена во бела, ангелска креација на Ланван.

Таа е уште една во низата постари модели што во последно време се како поставени на пиедестал во модната индустрија.

Покрај на насловната на Њујорк магазинот, таа неодамна се појави и како заштитно лице на музичкиот проект на Сен Лоран, од кој досега биле дел музичари како Кортни Лав, Дафт Панк и Мерлин Менсон.

joni-mitchell-saint-laurent-music-project-2015-01

Во интервјуто за магазинот, таа говори за нејзиниот живот и кариера и моментите што и оставиле најголем впечаток, но посочува и дека „парчињата на Сен Лоран не се особено иновативни, но се многу добри за носење“.

Она што е особено интересно последнава година, е фактот што покрај постарите модели, во рекламните кампањи сѐ повеќе се ангажираат и plus size модели, тренд за кој се надеваме дека е тука да остане!

 

Објавено:
10 февруари 2015
Категорија: 
Сцена