Џулија Робертс со својата препознатлива насмевка се најде на февруарската насловна на британскиот Вог.
Робертс дефинитивно има статус на легендарна актерка и спаѓа групата омилени филмски ликови.
Со својата харизма таа ја освои публиката уште со нејзините први улоги, а за една од нив, во Челични Магнолии, освои и Златен глобус за споредна улога.
View this post on Instagram
Џулија, која има 56 години, изгледа навистина младолико, а новинарите честопати ја прашуваат која е тајната за тоа.
Во интервјуто за британскиот Вог, таа дури и се шегува велејќи дека за да изгледа млада ја пика главата во тегла со кисели краставички.
И самата за себе умее да каже дека сака да се шегува и не сака сериозни разговори.
Робертс е феминистка и токму затоа уште од стартот на кариерата одбива улоги каде што треба да се соблече.
View this post on Instagram
За нејзиниот шарм и младоликост вели дека тоа најмногу се должи на луѓето и искуствата во животот.
Секако помага и генетиката и она што те исполнува во животот.Како на пример мојот сопруг, за кој верувам дека ме сака и се грижи на мене и токму тоа ме прави вистински среќна.
Нејзиниот актерски талент во 2001 и донесе и Оскар за улогата во Ерин Брокович и го зациментира нејзиниот статус на холивудска икона.
View this post on Instagram
Во интервјуто Џулија се присетува дека за време на снимањето на Notting Hill, во завршната сцена носела своја облека.
Едноставно не се чувствував комотно во тоа што требаше да го носам. Затоа си ги облеков моите апостолки, синото здолниште, маичката и кардиганот.
Џулија во 2002 се омажи за камерманот Дени Модер со којшто имаат три дечиња.
Двојката се запозна на снимањето на филмот The Mexican во 2000-та, каде Робертс играше заедно со Бред Пит.