Џулија Робертс во прекрасно розово издание на премиерата на нејзиниот нов филм „Ticket To Paradise“

18 октомври 2022

На премиерата на филмот „Ticket To Paradise" која се одржа вчеравечер во театарот Regency Village во Лос Анџелес, ѕвездите Џулија Робертс (54) и Џорџ Клуни (61) зачекорија на розовиот килим во впечатливи модни изданија кои ги воодушевија присутните и го привлекоа сето внимание на камерите.

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Актерката блесна во волуменозна макси розова тоалета со карнери, длабоко деколте во V-израз и ракави до лактите. Нејзиниот хипнотизриачки и гламурозен изглед беше надополнет со пар висечки дијаматнски обетки во боја на јоргован.

Шминката за која се одлучи Џулија беше суптилна и нежна, потенцирајќи ја нејзината природна убавина, а нејзината црвена прановита коса беше пуштена слободно да паѓа врз нејзините рамена.

Фото: dailymail.co.uk

Џорџ Клуни се претстави во еднакво ѕвездено издание и воодушеви во елегантен сив костум.

Фото: dailymail.co.uk

Романтичната комедија „Ticket To Paradise", во режија на Оливер Паркер кој стои зад Mamma Mia: Here We Go Again, ја раскажува приказната на еден разведен пар кој на неочекуван начин повторно ја открива љубовта.

Откако младата Лили ја запознава љубовта на нејзиниот живот на постдипломско патување во Бали, нејзините разведени родители (Џулија и Џорџ) мора да отпатуваат дотаму со цел да ја променат нејзината одлука и да ја спречат можноста таа да ја направи истата грешка што тие ја направиле пред 25 години кога се земале премногу млади.

Ова патување ќе се трансформира во решавање на нивните лични конфликти и проблеми.

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

 

 

 

 

 

Објавено:
18 октомври 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.159 пати