Ѕвездите пристигнуваат во Кан: Хелен Мирен во кул стајлинг на аеродром

16 мај 2023

Вечерва започнува 76-то издание на еден од најпрестижните филмски фестивали, Канскиот.

Ѕвездите веќе пристигнуваат на аеродромот во Ница и уште оттаму диктираат возбудлива мода, содржина по која Канскиот фестивал е препознатлив.

Меѓу првите, пристигна оскаровката Хелен Мирен, инаку една од дамите која без преседан секогаш носи најекстравагантна мода на црвениот тепих, особено кога е во прашање Кан.

Таа пристигна во вибрантен кул стајлинг, во патики и палто во изразена зелена боја, иста како и бојата на траката што ја носеше на глава како одличен контраст со платинестата нијанса на нејзината коса.
77-годишната актерка во Кан доаѓа како дел од актерската екипа на новото продолжение на „Fast & Furious" каде глуми заедно со Шарлиз Терон, Вин Дизел, Џон Сина, а премиерно филмот беше прикажан во петокот во Рим.

Со нетрпение очекуваме да видиме какво модно задоволство ќе ни приреди актерката на црвениот тепих и оваа година.

 

Објавено:
16 мај 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
535 пати
Тагови: 
Хелен Мирен Кан