Елитна коктел забава на The New York Times во предворјето на NYFW

4 септември 2014

Вообичаено како најава за едно од најголемите годишни модни случувања, Модната недела во Њујорк,  непосредно пред стартот на модните ревии се организираат елитни забави кои на едно место ги собираат највлијателните луѓе во модната индустрија.

Еден таков коктел вчера организираше и престижното списание The New York Times, на кој меѓу присутните гости беа и Ана Винтур, Дона Каран, Дајан фон Фурстенберг, Каролина Херера, Прабал Гурунг и други познати личности од светот на модата.

Покрај стартот на Њујоршката модна недела, друг повод за коктел забавата беше и зголемувањето на тимот модни критичари во списанието кое им посака добредојде на две нови имиња: Ванеса Фридман и Александра Џејкобс.

Инаку, откако вчера официјално беше означен стартот на Модната недела во Њујорк со свечена вечера во домот на градоначалникот, денеска започнуваат и ревијалните претставувања на пролетно-летните замисли на дизајнерите за 2015 година.

 

Дона Каран Дона Каран

Ана Винтур Ана Винтур

Дајан фон Фурстенберг Дајан фон Фурстенберг

Умберто Леон Умберто Леон

Џенифер Фишер Џенифер Фишер

Александра Џејкобс и Џозеф Алтузара Александра Џејкобс и Џозеф Алтузара

Прабал Гурунг Прабал Гурунг

Каролина Херера Каролина Херера

Ванеса Фридман и Роби Мајерс Ванеса Фридман и Роби Мајерс

Прабал Гурунг и Ванеса Фридман Прабал Гурунг и Ванеса Фридман

 

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Сцена