Таа дефинитивно знае како да го привлече сето внимание каде и да се појави! Прекрасната актерка Ен Хатавеј по кој знае кој пат избра беспрекорна креација за премиерата на нејзиното последно филмско остварување Interstellar во Лос Анџелес во неделата.
Очигледно, таа е вљубена во младите и надежни лондонски дизајнери, па така, овој пат блесна во одлична луксузна креација од пролетната колекција на Ричард Никол.
Со тоа што токму ѕвезда како Ен Хатавеј одбра креација од одличниот Ричард, и повеќе од сигурно е дека неговите фасцинантни тоалети допрва ќе ги гледаме на црвениот килим.
Актерката фустанот го комбинираше со неверојатен тренди накит составен од ѓердан со ѕвезди што паѓаше на нејзиниот грб и супер модерна алка што ѝ беше поставена на површината на целата рака.
Во таа чест, дизајнерот во продолжение говори за неговата работа со актерката, но и за сите оние со кои сака да соработува во иднина.
Како дојде до соработката со Ен Хатавеј?
Стилистката на Ен, Пени Ловел е голема овожавателка на мојот бренд, па така, веднаш по презентацијата на пролетната колекција, таа ни се обрати барајќи фустан за Ен. Таа има неверојатно око за вистинските креации за црвениот килим, а истовремено им дава и голема поддршка на младите лондонски дизајнери.
Како би го опишал стилот на Ен?
Нејзиниот стил отсекогаш бил сосема природен, софистициран и модерен. Каде и да се појави, таа секогаш изгледа софистицирано и интелигентно.
Што мислиш за начинот на кој беше комбиниран твојот фустан?
Ен изгледаше совршено во фустанот. Таа го комбинираше со интересен и впечатлив накит и модерна шминка и фризура. Изгледаше навистина кул и самоуверено.
Кого би сакал да видиш следно во твоја креација и зашто?
Руни Мара! Таа изгледа толку природно, нејзиниот стил е секогаш беспрекорен.