Музата на Алмодовар, сексапилната актерка со шпанска крв, според магазинот Esquire е прогласена за „Најсекси жена за 2014 година“. Претходно, на листата која воопшто не е кратка се најдоа имињата на Анџелина Џоли, Џесика Бил, Скарлет Јохансон, Шарлиз Терон, Хали Бери, Кејт Бекингсејл, Ријана, Мила Кунис и многу други. Критериумите според кои се водат главните уредници во донесување на конечната одлука се навистина високи и строги. Меѓутоа сметаат дека до сега немаат направено ниту една грешка и при изборот секогаш во предвид го земаат мислењето на публиката.
Актерката за ноемвриското издание на магазинот сними и мошне провокативна фотосесија која ја изработи фотографот Нико. Фотографските кадри ги придружува и интервју на Круз во кое таа отворено зборува за својата професија, работните обврски, мајчинството, но и за љубовта на нејзиниот живот сопругот Хавиер Бардем.
„Таа нема физички недостатоци. Нејзиното лице не содржи тајни, барем не кога гледа во третото око – камерата“, вели фотографот.
Во однос на титулата „Најсекси жена за 2014“, актерката вели дека воопшто не и чудно што токму таа се нашла во најтесниот круг и што победила.
„Јас отсекогаш бев позната по својот прекар на Drama Queen. Како актерка научив многу трикови и сметам дека добро го испеков занаетот и секогаш се водам од само една девиза, а тоа е сите мани да ги претворам во доблести“, открива актерката.
Кога била млада Круз лажела за својата возраст за да може на аудициите да ги добива улогите. Имала голема среќа што во тој период кога се пробивала налетала на нејзиниот ментор Педро Алмодовар.
„Тој е мојот најголем извор на инспирација. Јас и Педро заедно ја истражуваме темната страна на реалниот живот и ја вметнуваме во филмските приказни. За мене најатрактивната, најшармантната, најзабавната и најкул работа која еден човек може да ја има во животот е план кој води до одредена цел што ќе си ја поставиме“, вели Круз.
Мадрид е дефинитивно нејзиниот омилен град и секогаш го посетува во август, бидејќи тогаш Мадрид е само нејзин. Во тој период обично нема снимања и сака времето да го минува во јадење и дружење со семејството.
„Многу сум возбудена кога сум со моето семејство. Тоа е она што од секогаш што сум го посакувала и тоа е за мане и за Хавиер нешто најубаво кое можеше да ни се случи во животот. Едноставно ни го обои секојдневието и се добива смисла, се што правам го правам за нив, за моето семејство“, вели за крај најсекси жената за 2014 година.