Ева Лонгорија искрено за првата фотосесија по породувањето

10 јули 2018

На 19 – ти јуни Ева Лонгорија му посака добредојде на нејзиното прво дете, синот Сантијаго Енрике, а само неколку недели подоцна таа се врати на нејзината работа и ја направи првата фотосесија.

Дека тоа било исклучително тешко за неа, таа напиша под фотографијата што ја објави на нејзиниот Инстаграм профил со фотографот Бернардо Дорал кој ја направи фотосесијата.

„Првата фотосесија по бременоста. Нема да ве лажам, ова беше многу тешко за мене“, напиша 43 годишната актерка на социјалната мрежа.

Таа додаде дека не можела да биде во подобри раце, мислејќи на фотографот, појаснувајќи дека се труди да најде баланс помеѓу распоредот за доење на малиот Сантијаго и нејзината работа.

Сосема на крајот, му се заблагодари што направил да се чувствува одлично и да се забавува на првата фотосесија после паузата.

На фотографијата што ја објави актерката на Инстаграм, таа изгледа прекрасно во црн мантил со ремен на половината и секси деколте, во комбинација со нежна шминка и едноставна фризура.

Оваа недела Лонгорија објави прекрасна фотографија како го милува новородениот син, обвиткан во нежна марама.

„Утринските прегратки со овој ангел се најдоброто нешто,“, напиша таа под фотографијата.

Ева и нејзиниот сопруг Хосе Бастон, се венчаа во 2016 – та година во Мексико, а на 19 – ти јуни му посакаа добредојде на нивното прво заедничко дете.

Објавено:
10 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.108 пати