Еволуција на машките модни икони

23 ноември 2013

 

Џејмс Дин и Стив Меквин, дефинитвно заминуваат во историјата, каде што им е местото. Тие ќе останат запаметени како најпопуларни модни икони на сите времиња, но се до денес, бидејќи новата генерација на ѕвезди презентираат моден гламур кој има оригинален шик  стил, кој е пред се чист и секси, а не се однесува само на појавувањата на црвениот килим, туку и во секојдневието.

 

Адам Левин

Кај жените приказната е секогаш малку покомплицирана, но барем кај мажите се е полесно. Модните стилисти и критичари конечно го „обоија“ машкиот универзум со тоа што селектираа тим на ѕвезди за кои не можеме да кажеме дека се само потенцијални модни икони, туку со својот стил и појавување веќе полека но сигурно градат уникатни модни портфолија и се веќе етаблирани не само во рамките на својата професија, туку и во модната индустрија како пример за тоа како треба да изгледа една машка икона на стилот.

 

Бредли Купер

 

Се работи за актери, пејачи, модели и спортисти, кои се уште не навршиле 40 години, но затоа веќе го покажаа својот личен и префинет стил, кој не го промовираат само на црвениот килим, туку креираат одлични секојдневни модни визии.

 

Рајан Гослинг

 

Стилистите се мошне задоволни поради промените кои настанале во рамките на машките канони и потенцираат дека машкиот гламур конечно еволуираше. На листата за модни икони кои ги посочија експертите се најдоа имињата на Рајан Гослинг, Бредли Купер, Џастин Тимберлејк и Адам Левин кој воедно беше прогласен и за маж на годината според магазинот People.

 

Џастин Тимберлејк

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Сцена